Фудбал, домашно првенство, 25.коло

Работнички пак на врвот, Пелистер има „зицер“ против Гостивар

29.03.2014 18:29

Работнички ја победи Македонија ЃП со 2-0 во уводниот натпревар од 25.коло во домашниот фудбалски шампионат. Дебармаалци, коишто прволигашките средби како домаќини ги играат во сабота, брзо се рехабилитираа за поразот од Шкендија пред три дена и славеа врз градскиот ривал од западната скопска населба.

Со головите коишто ги постигнаа Таулант Сулејманов во 46-та и бугарскиот интернационалец Петар Петров во 88-та минута, Работнички одново изби на челната позиција на табелата,. Израмнувајќи се со 44 бода со досегашниот лидер Пелистер. Битолчани имаат послаба гол-разлика, но својот меч од оваа викенд рунда ќе го одиграат утре. Имаат „зицер“, бидејќи на теренот на „Под Тумбе Кафе“ им доаѓа најслабиот тим во лигата, фенерџијата Пелистер.

Неделната програма од 25.прволигашко коло ја сочинуваат натпреварите: Пелистер-Гостивар, Турново-Шкендија, Металург-Ренова, Вардар-Напредок и Еуромилк-Брегалница.

Македонската телевизија на Собранискиот Сервис ќе врши директен пренос од мечот Еуромилк-Брегалница, којшто е од исклучителна важност за опстанокот во елитното друштво.