74% од новите случаи и 76% од хоспитализираните со Ковид- 19 се невакцинирани
Според статистиката за изминатиов период 31.692, граѓани, односно 74% од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76%, додека само 24% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани...

Во период од 6-ти август до 21-ви октомври 2021-ва, на територија на државата 42.945 граѓани се позитивни од тестирани на Ковид- 19, од нив 26% биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.
Според статистиката за изминатиов период 31.692, граѓани, односно 74% од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76%, додека само 24% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6-ти август до 21-ви октомври на територија на државата починале 1.506 лица со Ковид-19, 1.246 пациенти, односно 83% од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на коронавирусот.
