ДЗР со предлог до ДИК за запирање на исплатата на буџетски средства за дел од учесниците во изборите

22.10.2021 11:43

64 не ја исполниле законската обврска, а 20 учесници не го доставиле извештајот со законски пропишаната содржина.

Државниот завод за ревизија со предлог до Државната изборна комисија за донесување одлука за запирање на исплатата на средствата од државниот буџетот за оние учесници во изборната кампања кои немаат доставено извештај за примените донации.

64 не ја исполниле законската обврска, а 20 учесници не го доставиле извештајот со законски пропишаната содржина.

Врз основа на доставена фактура од радиодифузерите, печатените и електронските медиуми, во рок од 30 дена од објавување на конечните резултати, Државниот завод за ревизија укажува на потребата сите учесници во изборната кампања кои до сега не ги поднеле извештаите, а биле должни, истото да го сторат во најкус можен рок, информираат од Ревизија.