САД
Бајден: Ќе го браниме Tајван ако биде нападнат од Kина
22.10.2021 12:19
Американскиот претседател Бајден изјави дека САД ќе го бранат Тајван ако биде нападнат од Кина, додавајќи дека тоа не значи промена на надворешната политика на земјата.

Американскиот претседател Бајден изјави дека САД ќе го бранат Тајван ако биде нападнат од Кина, додавајќи дека тоа не значи промена на надворешната политика на земјата.
„Да, ние сме должни да го сториме тоа“, одговори Бајден во Градското собрание на прашањето дали САД ќе застанат во одбрана на Тајван, кој се жали на зголемен воен и политички притисок од Пекинг да го прифати кинескиот суверенитет.
САД имаат закон според кој треба да му помогнат на Тајван да се брани, но во него не се прецизира што точно ќе направат ако Кина нападне.
