Пријавувањето на болни и немоќни за гласање до 23-ти октомври, лицата со Ковид-19 до 25-ти октомври
Болните и немоќните лица со право на глас, во вториот изборен круг ќе можат да гласаат на ист начин и под исти услови како и во првиот...

Болните и немоќните лица со право на глас, во вториот изборен круг ќе можат да гласаат на ист начин и под исти услови како и во првиот. Може да се поднесуваат и нови барања од гласачи од оваа категорија граѓани. Рокот е до утре на полноќ.
Нови барања ќе треба да поднесат и лица со Ковид-19 и во изолација. Гласачите кои сакаат да го остварат своето право на глас, како лица во домашен карантин поради позитивен тест на Ковид-19 и лица на кои им е определена мерка самоизолација, еден ден пред денот определен за гласање се должни до Општинската изборна комисија да достават ново барање за гласање. За нив рокот за пријавување е до 25-ти октомври на полноќ.
