Свет

Русија: Повеќемина загинати во пожар во фабрика

22.10.2021 12:54

Според Mинистерството за вонредни ситуации, причина за пожарот е веројатно нарушување на технолошкиот процес и мерките за безбедност.

Дестина луѓе загинаа во експлозија и пожар во фабрика за барут во регионот Рјазан во Русија. Според Mинистерството за вонредни ситуации, причина за пожарот е веројатно нарушување на технолошкиот процес и мерките за безбедност.

Работилницата во која се случил инцидентот е во сопственост на компанија која произведува индустриски експлозиви и депонира муниција.