„Борка“: Најголем проблем е закажување на преглед во јавното здравство
Да се скрати времето на чекање за мамографски и скриниг прегледи и да им се овозможи на жените рана дијагностика на ракот на дојка, бараат од здружението „Борка“. Велат, најголем проблем е закажување преглед во јавното здравство, па жените мора да одат приватно...

Да се скрати времето на чекање за мамографски и скриниг прегледи и да им се овозможи на жените рана дијагностика на ракот на дојка, бараат од здружението „Борка“. Велат, најголем проблем е закажување преглед во јавното здравство, па жените мора да одат приватно, и да плаќаат дополнителен трошок, а сите не се во состојба. За овој вид карцином не може да се превенира, но може да се открие рано.
Жените да вршат чести и редовни самопрегледи и мамографии, а при секоја промена да се јават на лекар. Исклучително е важно да се воочат првичните промени на градите, рече Елизабета Ѓоргиевска.
Според Светската здравствена организација, минатата година од 988 новозаболени, 316 починале од рак на дојка. Ракот е епидемија, треба да се зголемува раното откривање, а да се намалува смртноста.
Александра Спировска
