Се допрецизира Законот за градба
Ќе се стави ли конечно ред во градежништвото? Ресорниот министер и стручната фела го допрецизираа Законот за градба. Ќе се зголемат надлежностите на инспекторите. Од Комората на овластени архитекти и инженери бараат и државен стручен испит.

До крајот на годинава се очекува да биде готово предлог решението за новиот Закон за градење. Според министерот за транспорт Бочварски, со него ќе се скратат процедурите за градење, ќе се зголеми транспарентноста и стручноста. Ќе се стимулира просторниот и економски развој.
Од Комората на овластени архитекти и овластени инженери реагираат на предлог- измените со кои задолжителни остануваат само четири овластувања. Се предлага и државен стручен испит.
Според изготвувачот на предлог- законот, проф. Грчев постојниот закон има низа недостатоци. Нема класификација и категоризација на објектите. Честопати инвеститорите се соочуваат со административни проблеми меѓу кои и приклучокот за комуналии.
Постојниот закон досега е менуван триесетина пати.
Дијана Ценевска
