Македонија

Македонско- бугарската комисија без напредок, Османи негира мешање во работата

22.10.2021 14:58

Македонско- бугарската комисија за историски и образовни прашања без напредок. Член на комисијата од македонската страна си поднесе оставка поради политичко мешање во работата од страна на висок функционер на МНР. Министерот за надворешни Османи негираше дека се мешаат во комисијата...

Членот на Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања Ванчо Ѓорѓиев поднесе оставка. Во писменото соопштение вели дека имало директно мешање од висок функционер на МНР да се прифатат одлуки што се спротивни на црвените линии за националните интереси согласно усвоената резолуција од Собранието. Повикува и останатите македонски членови да не ја виткаа кичмата под, како што пишува, во последно време, сѐ поотворените обиди за политичко влијание врз работата на комисијата.

Шефот на дипломатијата негира каков било мешање на МНР. Дводневниот состанок на комисијата е без никакво решение, вели Османи. Според него, тема бил Цар Самуил и учебниците за седмо одделение.

Османи останува на ставото дека МНР нема да се меша во работата на комисијата, дека е само логистичка поддршка за работата, но дека и натаму ќе инсистира на поголема динамика на нивните средби.

 

Ирина Гелевска