Мицкоски за оставката на Ѓорѓиев: Имаме јасна резолуција која ги штити нашите позиции
22.10.2021 15:48
Мицкоски вели дека е шокиран од информациите за притисоци...

Реакција за оставката на членот на мешовитата историска комисија, Ванчо Ѓорѓиев, од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Вели дека е шокиран од информациите за притисоци.
Шокирачки е што некој помеѓу двата изборни круга одлучува да распродава дел од македонскиот идентитет, да ја продава Македонија, на сметка на тоа да опстане политички, изјави денес при посетата во Битола, лидерот на опозицијата, Мицкоски.
Мицкоски истакна дека имаме јасна Резолуција изгласана во македонското Собрание и очекува личните и бизнис интереси да бидат оставени на страна. Тој апелира до членовите на комисијата на трезвеност.
