Ден на Блаже Конески во Небрегово
Со ден посветен на великанот Блаже Конески во неговото родно Небрегово се заокружуваат отворените денови на Институтот за македонски јазик. Покровител претседателот Стево Пендаровски...

Во време кога сите наши потпорни точки се сериозно предизвикани, нужно е да ја нагласиме важноста на вредносните котви кои ни даваат стабилност во нестабилново опкружување. Една од тие е она што зад себе како животно дело го остави Блаже Конески, рече претседателот Пендаровски пред родната куќа на великанот Конески во Небрегово.
Конески остави изградени научници, остави школа, продолжувачи што се прифатени и почитувани во светот на лингвистиката, славистиката, балканистиката, литературната наука.
Под заштита на музејот е и училиштето во Небрегово, каде Конески го почнал школувањето.
Со денот посветен на Конески во неговото родно Небрегово се заокружија отворените денови на Институтот за македонски јазик од Скопје.
Елизабета Митреска
