Пораз како победа
Чудо не се случи во Кале, Македонија загуби од Русија, но одигра 15 фантастични минути, направи серија 11-3,за самодоверба, за публиката во ракометниот храм да се потсети на ѕвездените моменти на македонаскиот женски ракомет.По поразот во Ростов, нашата најдобра женска ракометна репрезентација одново загуби од Русија, вечерва со 31-24 во натпревар од 7-та група во квалификациите за европското првенство.

Нашите ракометарки почнаа во грч, веројатно под притисок дека мора да се одигра многу подобро пред својата публика. Топката испаѓаше од рацете, се брзаше во нападот, се нижеа технички грешки и контри на противникот.По 20 минути беше 4-13, на полувреме 9-18. Се навестуваше катастрофа.
Се покажа дека паузата била добредојдена, иако веднаш по одморот Русија поведе и со двоцифрена разлика 11-21. И би чудо. Не комплетно , но следуваа 15 фантастични минути. Зафирова се разбрани, одбраната перфектна, сестрите Ѓорѓиевски и Десподовска ја решетаа противничката мрежа, публиката како во најубавите времиња, русинките немоќни, грешеа почетнички, го почувствуваа „вулканот на Кале“. Македонија стигна до два негатива, 21-23. И подзастана. Русите ја имаа Постнова, презеде се во свои раце, нанижа 3 гола, ја врати својата селекција и практично ја обезбеди победата.
Нема разочарување. Следен противник е Германија, по 2 месеца. Уште една моќна селекција, но младата репрезентација на Македонија покажа потенцијал, треба да го надградува.
Во нашиот состав нејефикасни беа Елена Ѓорѓиевска со 6, Душица со 4 и Десподовска со 5 погодоци.
Во составот на легендарниот Трефилов,Черноиваненко постигна 6, а Постнова 5 гола.