Свет

Обид за воен преврат во Судан

25.10.2021 09:46

Воените сили во Судан рано изутрината ги опколиле домовите на членови на преодната цивилна влада во земјата, влегле во нивните куќи и ги уапсиле. Меѓу уапсените е и суданскиот премиер Абдала Хамдок кој бил одведен на непозната локација откако одбил да даде изјава за поддршка на воениот удар.

По повеќенеделни тензии меѓу војската и преодната цивилна влада, вооружени лица уапсиле високи владини претставници во Судан. Апсењата биле извршени во нивните домови.

Воените сили во Судан  рано изутрината ги опколиле домовите на членови на преодната цивилна влада во земјата,  влегле во нивните куќи и ги уапсиле.  Меѓу уапсените е и суданскиот премиер Абдала Хамдок кој бил одведен на непозната локација откако одбил да даде изјава за поддршка на воениот удар.

Според информациите, Хамдок го повикал суданскиот народ мирно да се спротивстави на обидот за државен удар и да ја „одбрани својата револуција“.