Активни 6.393 ковид-случаи во земјава
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 199.766, бројот на оздравени пациенти е 186.322, на починати е 7.051, покажуваат последните податоци на Министерството за здравство.

Бројот на активни ковид- случаи во земјава изнесува 6.393. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 199.766, бројот на оздравени пациенти е 186.322, на починати е 7.051, покажуваат последните податоци на Министерството за здравство.
Вчера се направени 2.595 тестирањe, а регистрирани се 227 нови случаи на Ковид-19, од кои повеќе до половината во Скопје. Регистрирани сe и 111 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа починале 15 лица, а дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавено е уште едно починато лице, со датум на смрт од 23.10.2021 година.
Досега во земјата се направени вкупно 1.364.488 тестирања на Ковид-19.
