Светски ден на аудио- визуелното наследство
На 27-ми октомври Кинотеката на Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со промоција на книгата „Антонио Митрикески: Хроника на еден филмски сон“. Книгата е издание на Кинотеката, а автор е Стојан Синадинов.

На 27-ми октомври Кинотеката на Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со промоција на книгата „Антонио Митрикески: Хроника на еден филмски сон“. Книгата е издание на Кинотеката, а автор е Стојан Синадинов.
„Антонио Митрикески: Хроника на еден филмски сон“ е микс од монографија, биографија, мемоарска проза и критички осврти.
Покрај промоцијата на книгата Кинотеката на Македонија водена од мотото на оваа манифестација – „Вашиот прозорец кон светот“ – ќе ги отвори своите работни простории и депоа за студентите, ученициите, колегите од сродните институции и секторот за заштита на културно наследство,но и за љубопитните граѓани.
УНЕСКО го започна одбележувањето на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство а потоа го прифатија и презедоа меѓународните тела што обединуваат организации и асоцијации на филмски архиви, музеи и институции што се занимаваат со заштита и чување на аудиовизуленото наследство меѓу кои и ФИАФ (Fédération internationale des archives du film / International Federation of Film Archives), кадешто членува Кинотеката на РСМ, предводени од Координативниот совет на здруженијата на аудиовизуелни архиви (CCAAA -Coordinating Council of Audiovisual Archives Associations).
Кинотеките, филмските архиви, музеи и библиотеки од целиот свет во периодот околу 27-ми октомври преку организирање на различни настани: проекции, изложби, дискусии го одбележуваат овој ден, секоја на свој начин, со цел да ја подигнат јавната свест за ранливоста на аудиовизуелните материјали и нивното значење за колективната меморија.
