Европа
Германија: Зајакнување на безбедноста на границите поради мигрантите
25.10.2021 10:10
800 федерални полицајци се веќе распоредени на границата...

Германскиот министер за внатрешни работи Зехофер изјави дека е подготвен да го зголеми бројот на федерални полицајци на границата со Полска за да помогне во борбата против зголемениот број илегални мигранти кои пристигнуваат преку Белорусија.
Истакна дека 800 федерални полицајци се веќе распоредени на границата и дека доколку е потребно ќе се распоредат дополнителни сили.
