Евроинтеграции

Димитров: Идентитетот и јазикот се наша работа

25.10.2021 09:04

Политичарите не можат да им наредат на историчарите што да прават и што да не прават, вели во интервју за „Радио Слободна Европа“ вицепремиерот за евроинтеграции. Димитров потенцира- во Договорот со Бугарија, одредбата за немешање во внатрешните работи е реципрочна. Ако нашиот прогрес во ЕУ зависи од историчарите, тогаш многу тешко тоа може да се нарече европеизација, дециден е Димитров...

Во Договорот  за пријателство со Бугарија, одредбата за немешање во внатрешните работи е реципрочна- дециден е вицепремиерот за евоинтеграции Димитров. Тој вели дека нашата обврска да не се мешаме во бугарските внатрешни работи постои, но постои и обврска за Бугарија да не се меша во внатрешните македонски прашања, на прво место  е правото на самоопределување и самоизјаснување , но и дека токму тука е судирот на позициите со договорот и правната рамка на кој да се реши. Вицепремиерот посочи и дека влијанието на политиката во надминувањето на спорот не секогаш дала позитивни резултати. Имавме ситуација кога имаше паралелни предлози во изминативе месеци и со германското претседателство и со португалското претседателство, коишто не придонесоа кон решение, туку на некој начин ја искомплицираа“- изјави Димитров  за „Радио Слободна Европа“.

„Политичарите не можат да им наредат на историчарите што да прават и што да не прават. Значи нашата задача е позитивен амбиент. Проблемот во работата на оваа Комисија е пред се идејата дека нивната работа треба да биде услов за нашиот напредок кон Европската Унија. Кога ќе се стави тој притисок и таа уцена, не само што не се прави позитивен амбиент, туку се прави негативен амбиент и затоа мислам дека без разлика на желбите, големиот проблем во сегашната констелација на односи, позиции и политика по ова прашање е токму во тоа. Се сака резултати од таа Комисија за историски и образовни прашања, меѓутоа се направи амбиент на уцена“, нагласи Димитров.

Во врска со најавениот план 5+1 на самитот Брдо кај Крањ, Димитров вели дека во моментов најважно е дали техничката влада во Бугарија може да испорача зелено светло за усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, а  притоа  процесот на интеграција да не зависи од прашања кои ќе ги решава образовно историската Комисија, туку од реформите дома.

Ако нашиот прогрес во ЕУ зависи од историчарите тогаш многу тешко тој процес можеме да го наречеме европеизација- вели Димитров.

Марина Стојанова- Тонева