АД ЕСМ распиша нов тендер за набавка на јаглен за РЕК Битола
Вториот тендер што го распиша националниот произведувач е за 900 илјади тони и важи само за потребите на РЕК Битола.

АД Електрани на Северна Македонија распиша нов тендер за набавка на јаглен за надминување на енергетската криза што од европа се прошири и во Mакедонија. Понудите ќе се отвораат на втори ноември.
Вториот тендер што го распиша националниот произведувач е за 900 илјади тони и важи само за потребите на РЕК Битола.
Минатата недела на пропаднатиот тендер се јавиле три македонски и рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина, но, понудите не ги исполнувале целосно количествата кои се бараа.
Неодамна директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, изјави дека јаглен е потребно заради високите цени на берзите во регионот и во Европа, а е исклучиво за потребите на отворениот пазар, со цел снабдување со електрична енергија по пониски цени од моменталните на берзите.
