Ковид-19

СЗО: Крај на пандемијата кога ќе реши светот

25.10.2021 10:32

Гебрејсус изрази жалење поради тоа што досега „светот не ги користел мудро тие алатки“ и истакна дека со „близу 50.000 смртни исходи во светот седмично, пандемијата е далеку од крајот“.

Пандемијата на Ковид-19 ќе заврши „кога светот ќе реши да ѝ стави крај“, бидејќи сега се достапни „сите алатки“ за борба против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Гебрејсус.

Ги повтори апелите за поправедна распределба на вакцините. Гебрејсус изрази жалење поради тоа што досега „светот не ги користел мудро тие алатки“ и истакна дека со „близу 50.000 смртни исходи во светот седмично, пандемијата е далеку од крајот“.