Иванов во Пробиштип: Ни треба држава и економија која создава работни места
29.03.2014 21:00
Пред пет години на ова место, во голем студ, дојдов да ви побарам поддршка. Пет години подоцна , дојдов да ви кажам дека сум истиот – чесен, искрен и вреден, вака го почна своето обраќање пред граѓаните на Пробиштип, кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов. Во 2009-та година, бев единствениот, која за претседателски избори излезе со своја програма. Се’ што ви предложив, се’ реализирав. Сега ви ја нудам мојата нова програма, која треба да го продолжи започнатото, рече Иванов.

Пред пет години на ова место, во голем студ, дојдов да ви побарам поддршка. Пет години подоцна , дојдов да ви кажам дека сум истиот – чесен, искрен и вреден, вака го почна своето обраќање пред граѓаните на Пробиштип, кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов. Во 2009-та година, бев единствениот, која за претседателски избори излезе со своја програма. Се’ што ви предложив, се’ реализирав. Сега ви ја нудам мојата нова програма, која треба да го продолжи започнатото, рече Иванов. Освен државничките резултати и интензивната дипломатија, Иванов за себе рече дека е човек кој работел за народот, а доказ се резултатите.
„Во изминатите пет години повеќе од пет илјади граѓани, што имаа желба и потреба да се видат со мене, да ми пренесат порака, да ми дадат идеја, беа секој пат добредојдени во кабинетот. Тоа и ќе продолжи доколку ја добијам вашата доверба. Со години многу луже од Пробиштип заминуваа за Скопје. Правиме се’, тука да се отвораат нови работни места и тука луѓето да ја најдат својата егзистенција. Правиме се’, Македонија да биде успешна. Економски да се развива и во Македонија да се почувствува просперитетот насекаде. И тоа во услови на најголема криза, Македонија покажува резултати“, рече Ѓорѓе Иванов.
Како резултат на интензивната дипломатска активност, Иванов наброја над 400 средби со странски државници, над 100 официјални работни посети на други земји, над 40 посети на други претседатели на Македонија.
Останува да се заврши целта, рече Иванов, активна дипломатија и економски резултати. Тоа го постигнав во текот на изминатите пет години преку тимска работа со владините министри и институции. Во текот на секоја посета во странство, со себе водев стопанска и владина делегација, кој создаваше економски врски, рече Иванов. Како резултат на тоа во Македонија влегоа инвестиции, како фабриката на Дрекслер Маер во Кавадарци, каде беа отворени 4000 работни места. Целта е до крајот на годината да креираме уште 10.000 нови работни места, рече Иванов.
„Успешноста во политиката се мери по бројот на отворени работни места. По тоа ќе не’ почитуваат и по тоа ќе не’ знаат кога ние сме ја имале вашата доверба и сме биле на овие одговорни функции“.
За Пробиштип, Иванов рече дека е најмлад град со една од најстарите населби во Македонија, духовното светилиште Лесново, кое е добра основа за развој на туризмот. Иванов го спомена рударството, како една од движечките економски сили на Македонија, додека хидросистемот „Злетовица“ му даде нов стимул на регионот.
„Правевме се’ заедно со владата, да привлечеме странски инвеститори, кои ќе вложуваат во инфраструктурата, така што низ Македонија се градат автопати, а со изградба на ХС „Злетовица“ се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето на шест општини во Источна Македонија, меѓу кои и Пробиштип. Во следните фази ќе продолжи изградбата на системот за водоснабдување и неколку мали хидроцентрали за производство на електрична енергија. Се инвестира во образованието и здравиот живот на младите“, рече Иванов во Пробиштип.
Иванов ги потсети пробиштипјани на неговата посета во минатиот август на празникот Пресвета Богородица. Дојдов бидејќи го почитувам празникот и нашите традиции, бидејќи сум човек од народот. Сакам да бидам ваш глас и да ги пренесам сите ваши потреби, рече Иванов.
Осврнувајќи се на улогата на младите, кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов, на митингот во Пробиштип зборуваше за неговиот проект Школа за млади лидери. Промовиравме 150 млади, кои се подготвени да во повеќе области.
Како професор, рече Иванов, секогаш наоѓам време за најдобрите студенти на сите универзитети, кои со мене ги делат своите мисли и визии како треба да изгледа подобра Македонија.
Македонија во Европа и Европа во Македонија, држава и економија и нови работни места, тоа е визијата на Иванов, кој рече дека мора да се соработува со сите институции од централната и локалната власт. Само заедно ќе постигнеме резултати, зашто државата ни е се’, рече Ѓорѓе Иванов пред пробиштипајни.
На предизборното претставување на претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ во Пробиштип зборуваа и коалиционерите од коалицијата За подобра Македонија - Драган Василевски од Нова либерална партија и Благоја Чоревски од Демократскиот сојуз.
