Свет
Први руско-кинески патроли во Тихиот Океан
25.10.2021 11:09
Москва и Пекинг одржуваа поблиски воени и дипломатски врски во последниве години во време кога нивните односи со западот се влошија.

Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во западниот дел на Тихиот Океан од 17-ти до 23-ти октомври, соопшти руското МНР.
Москва и Пекинг одржуваа поблиски воени и дипломатски врски во последниве години во време кога нивните односи со западот се влошија.
Поморските маневри беа внимателно следени од Јапонија.
