Цената на горивата останува иста
Регулаторната комисија одлучи бензините и натаму да се породаваат за 76,50 односно 78,50 денари за литар. Дизелот ќе чини 68,50, додека екстралесното ќе се продава за 68 денари. Единстевено се намалува цената на мазутот и тоа за 0,63 денари за килограм.

И во наредните седум дена ќе важат досегашните цени на бензините, дизелот и екстралесното масло за домаќинство.
Регулаторната комисија одлучи бензините и натаму да се породаваат за 76,50 односно 78,50 денари за литар. Дизелот ќе чини 68,50, додека екстралесното ќе се продава за 68 денари. Единстевено се намалува цената на мазутот и тоа за 0,63 денари за килограм.
Според Регулаторна, причина за ваквата одлука се малите промени на референтните цени на берзите, како и намалувањето на одредени трошоци што влегуваат во структурата на цената на нафтените деривати.
