Локални избори

Управниот суд ги уважи тужбите на Одлучно за промени и Алијанса за Албанците- Алтернатива

25.10.2021 12:45

На 31-ви ќе се прегласува на едно избирачко место во Шуто Оризари и во Дебар...

Тужбата на движењето „Одлучно за промени“ за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од едно избирачко место во Шуто Оризари, се уважува, одлучи Управниот суд. Резултатите од тоа избирачко место се поништени и на 31-ви ќе се прегласува.

Прифатена е и тужбата на коалиција Алијанса за Албанците- Алтернатива, за повреда на постапката за гласање и сумирање на резултатите за едно избирачко место во општина Дебар. И таму во недела ќе има прегласување.