Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со над пет проценти предност пред СДСМ
На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори“, 23 насто од граѓаните рекле, ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ е со 17,6 проценти. Потоа следуваат ДУИ со 6,7, коалицијата Алијанса- Алтернатива со 4,9 и Левица со 4 проценти.

ВМРО-ДПМНЕ со над пет проценти предност пред СДСМ, покажува телефонската анкетата на Институтот за политички истражувања- Скопје.
На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори“, 23 насто од граѓаните рекле, ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ е со 17,6 проценти. Потоа следуваат ДУИ со 6,7, коалицијата Алијанса- Алтернатива со 4,9 и Левица со 4 проценти.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со поголем рејтинг од неговиот политички опонент Зоран Заев. Мицкоски најголема доверба ужива кај 19,3 насто, а Заев кај 15,6 проценти од испитаниците. Али Ахмети има рејтинг од 7, а Димитар Апасиев и Зијадин Села со 4,2 односно 4 проценти.
Анкетата е спроведена за потребите на ИПИС. Краткото телефонско истражување е направено од 19-ти до 22-ри октомври, на 1.102 полнолетни испитаници на ниво на држава.
