Ковид-19

Сѐ уште се чека скринингот во прилепските училишта

25.10.2021 13:05

Сѐ уште се чека скринингот во прилепските училишта. Тие доставија список за тестирање, по случаен избор, на 284 ученици. Во Центарот за јавно здравје има термини за тестирања во општините од регионот...

Родителите се изјаснија, училиштата направија списоци, Центарот за јавно здравје е подготвен, се чека распоред од Министерството за здравство за скринингот на учениците во прилепските училишта. Десетте основни и петте средни училишта ги доставија списоците со бараните бројки.

До Министерството за образование е доставена бројка од 284 прилепски ученици за тестирање по случаен избор од Е- дневникот. Но, сѐ уште не е закажано кога ќе се тестираат учениците со едноставното земање брис.

Во регионот веќе почна тестирањето. Резултатите досега се негативни.

Епидемиолошката состојба  во прилепските училишта е стабилна.  Двајца ученици се позитивни, а вкупно осум се  во изолација како и четворица наставници.

Елизабета Митреска