Пораз на МЗТ во прошталниот АБА натпревар на Гечевски

30.03.2014 14:03

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со убедлив пораз ги завршија настапите во АбА лигата сезонава, против Раднички со 87:95. Тоа беше последен настап во кариерата на Тодор Гечевски, кој во седумте сезони во Задар и во МЗТ е меѓу најдобрите кошаркари во историјата, лидер во рангирањето за МВП, најдобар скокач, втор блокер, трет стрелец и петти според украдените топки на вечната листа.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со убедлив пораз ги завршија настапите во АбА лигата сезонава, против Раднички со 87:95. Тоа беше последен настап во кариерата на Тодор Гечевски, кој во седумте сезони во Задар и во МЗТ е меѓу најдобрите кошаркари во историјата, лидер во рангирањето за МВП, најдобар скокач, втор блокер, трет стрелец и петти според украдените топки на вечната листа.

Македонскиот шампион слабо се снајде со императивот победа, што психолошки растоварените гости знаеја да го искористат. По почетното водство на МЗТ Раднички ја презеде резултатската контрола, и предводени од Лешиќ форсираше игра со завршница од низок пост, по што дојде до 7:14.  Сепак, славеникот Гечевски беше клучен во серијата од 8 поени, за преземање на водството до крајот на периодот. Вториот почна со тројката на Костоски за 23:17, но гостите возвратија рафално со 4 тројки во следните 4 напади, по две на Калиниќ и на Млаѓан. Притоа се почесто поогодуваа и од рекетот, по што дојдоа до 8 разлика 29:37. Сепак, Стојановски со 6 поени во финишот намали на само два негатива, но Балмазовиќ со седмата тројка на Раднички, придонесе за 5 разлика на Раднички на полувремето.

На стартот на второто гостите продолжија со висок процент на реализација, дури и од невозможни позиции, по што првпат дојдоа и до двоцифрена предност 42:53. Со вонредните асистенции на Мариновиќ, имаа нова серија тројки за 50:66, кои до истекот на периодот се претворија во 53:71. Тоа беше и решавачка предност, која металците докрај ги извади од колосек, па ни пет илјадната публика не успеа да ги врати во игра. Во последниот дел МЗТ се обидуваше брзоплето, што им одеше во прилог на расположените гости. Мариновиќ беше незадржлив и до крајот дојде до 18 асистенции, а Калиниќ во нападот постигна 18 поени, Млаѓан имаше 17 додека Лешиќ 15. Покрај 12 тројки, гостите доминираа и во другите елементи, па завршија со 11 скокови и 13 асистенции повеќе во однос на домаќинот. Во својот 185 проштален натпревар во АБА лигата Гечевски беше најдобар поединец кај МЗТ со 16 поени, Шеховиќ постигна 14, а Стојановски и Синовец по 12. МЗТ Скопје ја заврши сезоната со 12 победи и 14 порази, но за конечниот пласман ќе почекаме до одигрување на другите натпревари, по кои се можни разни сценарија, а теоретски пласман од шестото до десеттото место.