Судство

Битолскиот основен суд годишно решава над 20.000 предмети

25.10.2021 13:22

Во битолскиот Oсновен суд годинава поднесените претставки од учесниците во судските спорови бележат мал пад, но заостануваат решените предмети од областа на прекршочните дела. Како причина – во моментов располагаат само со двајца прекршочни судии...

Најголемиот основен суд на подрачјето на Апелациониот суд Битола и важи за основен суд со проширена надлежност, годишно прима и решава нешто над 20.000 предмети. Момемтално во работа имаат околу 9.000 предмети. Зголемен е обемот на предмети во кривичната материја, тука се и оставинските предмети, а најголем дел отпаѓа на прекршочните предмети, вели претседателот на Основниот суд, Миле Димовски.

Иако по систематизација судот треба да работи со 25 судии на сите материи, во моментот вели, располагаме со 17, а бројките покажуваат каде сме кадровски најтенки.

Димовски вели исчекор има во делот на поднесените претставки од засегнатите страни. Ако минатата година беа поднесени 27 претставки, оваа година до денес поднесени се 14. Смета дека по формирањето на судско-медиумскиот совет пред три години, подобрено е и јавното мислење на граѓаните за работата на судот.

Во таа насока изготвен и е еден куќен ред, а вели дека во тек се измените судскиот деловник во однос на јавноста за работата на судовите.

Стевче Митревски