Мицкоски од Вевчани повика на обединување против власта
Во Вас е силата и од вас зависи дали ќе создадеме нова подобра иднина, рече Мицкоски барајќи ја довербата од вевчанци. Вевчани како и цела Македонија и покрај сите притисоци и уцени избра нова иднина, избра победа, проекти и промени. Новата иднина е исправање на неправдите, ослободување од стегите во општеството. Победа на стравовите и победа на поделбите, рече Мицкоски на митингот во Вевчани.

Промените започнаа, ајде да ги финишираме со голема победа на народот, затоа и повикувам на обединување против оваа власт, рече претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Вевчани.
Во Вас е силата и од вас зависи дали ќе создадеме нова подобра иднина, рече Мицкоски барајќи ја довербата од вевчанци. Вевчани како и цела Македонија и покрај сите притисоци и уцени избра нова иднина , избра победа, проекти и промени. Ја барам поддршката и во вториот круг да ја завериме победата. Исто како што го зедовме Советот, да го земеме и градоначалничкото место, рече кандидатот за грдоначалник на општина Вевчани, Спасе Кочоски.
„Вашата доверба за функцијата градоначалник не ја барам за да ви бидам власт, значи во мене секогаш ќе имате партнер, кој заедно со општинската администрација, со Советот на општина Вевчани и со целиот вевчански народ ќе ги решаваме проблемите и ќе им оддолееме на сите предизвици, кои ги носи новото време. Нема потреба од плашење, нема потреба од никакви поделби, веќе избравме , како цела Македонија избра и Вевчани. Новото време ќе го предводи ВМРО- ДПМНЕ и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Спасе Кочоски кандидат за градоначалник на општина Вевчани.
Новата иднина е исправање на неправдите, ослободување од стегите во општеството. Победа на стравовите и победа на поделбите. Да постигнуваме резултати, да градиме, да создаваме, да го заштитиме нашето и да се бориме во она што веруваме. Новата иднина е прагот од кој ќе почне да се остварува сонот за нашата нова подобра иднина, рече Мицкоски.
„Имаме власт која е корумпирана и криминална. Власт која се пазари со нашите најсвети чувства. Власт со која цели пет години се вртиме во истиот круг.Ја нема ниту Европската унија, која толку многу ја ветуваа. Нема ниту живот каков што убедуваа дека ќе донесат, но затоа има броба за тендери, понижувања, притисоци и порази. Замислете член на историската комисија си поднесе оставка затоа што неговата, нашата македонска влада вели дека му правела притисоци да попушти за нешто во што не верува како историчар под налетот на желбата на Заев да направи уште една трговија“, рече Мицковски.
Народот е газда на оваа земја, тој е суверен владетел и против народот не може никој. Така ќе биде на 31-ви октомври. Вие и вашата волја да ја промените оваа арогантна власт, која го потценува сопствениот народ. Во вас е силата и од вас зависи дали ќе создадеме нова иднина или ќе останеме во оваа апатија и безидејност, рече Мицкоски повикувајќи ги вевчанци да му ја дадат довербата во вториот круг на локалните избори.
Соња Рилковска
