Перо Антиќ со неговиот Атланта Хокс по втор настапи во Вашингтон. Загубија со 4 поени разлика од домаќинот Вашингтон Визардс, но се уште имаат шанса за плеј-офф, вели тренерот на Атланта Баденхолзер и поранашената НБА ѕвезда Доминик Вилкинс. Дали Вилкинс наскоро ќе дојде во Македонија? Шансите се големи, бидејчи го обожава македонското вино и храна и летово ќе престојува во Европа.
„При крај на сезона се обидуваме да победиме на што е можно повеќе напревари за да обезбедиме учество во плеј-оф. Пробуваме да играме малку порастеретено затоа што притисокот доаша. Јас како поискусен со уште двајца-тројца играчи се обидуваме да ги смириме помладите. Но тоа е спортот, тоа е кошарката и затоа е интересна. Изубивме денеска, но продолжуваме понатака и го забораваме ова.„-Перо Антиќ-играч на Атланта Хокс
Екипата на Атланта Хокс беше многу близу до победа и се уште има шанси за плеј-офф во НБА лигата.
„Неверојатно колку е долг еден меч и што се може да се случи во последните две минути. Мислам дека целата наша група е изградена врз основа на самодоверба дека можеме да направиме пресврт, да направиме шанса и постигнеме кош. Имавме шанса да изедначиме, но на крајот не победивме.„- Мајк Баденхолзер-тренер на Атланта Хокс
За НБА ѕвездата Доминик Вилкинс, Перо Антиќ е еден од подобрите играчи на Атланта.
„Претпоставувам дека Атланта има многу навивачи во Македонија и за тоа е заслужен Перо. Тој има фанови каде и да одиме во НБА лигата, и тоа е убаво да се види. Им се допаѓа на луѓето, и е првиот Македонец во НБА, што е навистина специјално.„ -
Доминик Вилкинс-советник во Атланта Хокс
„Денеска кажа дека ќе биде во Европа ова лето, да ми го земе телефонот за да чуеме и тој може да дојде и во Македонија. Така што ќе биде големо нешто ако дојде и во Македонија.„- Перо Антиќ-играч на Атланта Хокс
Традиционално како и на сите напревари на коишто игра и нашиот Перо Македонија, имаше Македонци во публиката. Така беше и во Веризон Центар во Вашингтон.
Ирина Гелевска- постојан дописник за МРТ од Вашингтон
„Перо Антиќ е само неколку месеци во Атланта Хокс, но веќе е ценет како ѕвезда во подем.„