Локални избори

Ахмети во Дебреште побара поддршка за Бејта

25.10.2021 16:06

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети оствари средба со жителите на гостиварско Дебреше од кои побара подршка кандидатот за градоначалник за Општина Гостивар, Невзат Бејта. И двајцата пред мештаните порачаа дека нивнит глас не е за нивните интереси и интересите на партијата, туку за реализација на проекти и развој на нивното населено место.

Со универзитети, официјализирање на албанскиот јазик, со правична застапеност во институциите и квалитетни кадри кои не преставуваат дома, но и во Вашингтон и Брисел и секаде во светот.Да не бев сигурен во тој човечки капитал немаше да стојам тука пред вас, порача од предизборната средба во гостиварско Дебреше претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети Ова е средба што ја побарав на моја иницијатива. Вие знаете дека 20 години сме биле во служба на граѓаните без разлика на нивната политичка припадност, не сме правеле поделби туку демонстриравме култура, дополни Ахмети

„Јас тука од гостиварско Дебреше сакам лично да слушнам каде ние како партија сме направиле грешки изминативе две децении.Само сакам да ви порачам дека сега ние како ДУИ отвораме ново поглавје за спроведување на зелената агенда, а за тоа ни е потребна многу голема соработка со општините. Има луѓе кои можат да ги водат големите проекти како коридорот 8, гасификацијата и ако имаме подршка од општините, овие проекти многу полесно ќе се реализираат“, изјави лидерот на ДУИ, Ахмети.

Кандидатот за градончалник за Општина Гостивар, Невзат Бејта ја престави дел од програмата со која излегуваат на изборите, како и финансиските извори за реализација на истата.

„Програмата ја создадовме заедно со граѓанската иницијатива Гостивар кој го сакам и во неа се опфатени значајни прашања за граѓаните. Проектите ќе се финасираат од три извори, првиот е буџетот на општината, потоа државниот буџет затоа што ќе имаме подршка од Али Ахмети и од владата, а третиот извор се финансиските средства од меѓународните фондови како Светка банка и Европската унија“, нагласи Бејта.

Бејта ги повика дебрешани масовно да излезат во недела на гласање, за како што рече сигурна и поуспешна реализација на проектите и развој на нивното село. 

 

Зоран Димовски