Локални избори

Заев од Радовиш со порака за обединување

25.10.2021 16:18

Средба на СДСМ со радовишани, побарана е поддршка од граѓаните за напредок, социјална рамноправност, економски раст. Лидерот на партијата Заев рече дека нема да дозволат да се врати режимот којшто сееше страв во земјата...

Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Коле Чаракчиев на средбата со радовишани побара в недела на денот на гласањето да му се даде повторно довербата. Ветува проекти кои се значајни за општината и граѓаните. Општина која ќе значи напредок, социјална рамноправност, економски раст како и грижа за младите.

Пораки за обединување околу вистинските вредности и продолжување на економскиот раст испрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од Радовиш, во рамки на кампањата за вториот круг од локалните избори кој треба да се одржи на 31-ви октомври.

Во изминатите четири години и на централно и на локално ниво сме воделе грижа за сите аспекти за граѓаните, отворивме илјадници работни места, невработеноста е падната на 15,9%, платите растат во просек и минималната и просечните во просек за над 6.300 денари, над 100 евра, комплетно економијата е раздвижена, сите крупни прашања во државата се решени, рече Заев, додавајќи дека предизвикот во наредните четири години е економија, економски стандард, работни места, опции за младите да ги бираат работните места.

Многу е важно да се обединиме сите, да пружиме рака на сите, ние не сме си противници, ВМРО-ДПМНЕ е нашиот противник, а вие сите знаете што може да донесе, молк, страв, режим закани, уцени, секаков вид на терор и овие денови веќе го покажаа, тоа повеќе нема да го дозволиме, истакна Заев.

Тој нагласи дека народот секој пат знаел да ја одигра историската улога и овој пат ќе ја одигра. Се бориме за вистински вредности и сите заедно да застанеме и да се бориме, вие сте гаранција на иднината и на Радовиш и на Северна Македонија, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во Радовиш.

Многу е важно да се обединиме сите, да пружиме рака на сите, ние не сме си противници, ВМРО-ДПМНЕ е нашиот противник, а вие сите знаете што може да донесе, молк, страв, режим закани, уцени, секаков вид на терор и овие денови веќе го покажаа, тоа повеќе нема да го дозволиме, истакна Заев кој најави дека деновиве ќе објават и мнозинство во општинскиот совет.

Стојне Митева