КОВИД-19
ЕМА ја одобри „Модерна“ за трета доза на полнолетни лица
26.10.2021 09:36
По „Фајзер/Бионтек“, ова е втората вакцина којашто влегува во списокот на засилувачи. Неколку земји почнаа свои кампањи пред ЕМА да ги објави препораките за дополнителна вакцина.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината „Модерна“ за трета доза за полнолетни лица најмалку шест месеци по примањето на втората доза.
По „Фајзер/Бионтек“, ова е втората вакцина којашто влегува во списокот на засилувачи. Неколку земји почнаа свои кампањи пред ЕМА да ги објави препораките за дополнителна вакцина.
Американските власти одобрија дополнителни дози на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.
