Македонска културна есен во Сплит
Во организација на Заедницата на македонците во Хрватска и македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит, е одржан значаен настан од областа на културата, насловен како „Македонска културна есен во Сплит“.

Уште една културна манифестација во дијаспората, организирана во прилог на зачувување на мајчиниот јазик и убавиот напишан литературен збор е одржана во Хрватска.
Во организација на Заедницата на македонците во Хрватска и македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит, е одржан значаен настан од областа на културата, насловен како „Македонска културна есен во Сплит“.
На програмата- промоција на книги поезиј „Во прегратка на љубовта“ од авторот Мирјана Мајиќ и „Чувари на душата“ од авторот Милена Златеска. Модератор на манифеатацијата, Милена Георгиевска, новинар и педагог.
Манифестацијата е одржана во простортиите на македонското културно друштво „Македонија“ во Сплит.
Покровител е Советот на националните малцинства во Република Хрватска.
Аида Николовска
