Викендов почнува зимското сметање на времето

26.10.2021 10:24

Промената на времето ќе се случи во предвечерието на вториот круг од локалните избори....

Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (30-ти октомври) и недела (31-ви октомври) ќе преминат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ, часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот.

Промената на времето ќе се случи во предвечерието на вториот круг од локалните избори.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.