Активни 6.187 ковид- случаи, половина од нив се во Скопје
Досега во земјата се направени вкупно 1.366.002 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062.

Пораст на активните ковид- случаи во последните пет дена во земјава. На 20-ти октомври имало околу 5.700 активни случаи, а вчера беа регистрирани 6.187. Од 1.514 тестирања, вчера беа регистрирани 135 нови случаи. Починале 11 лица, а регистрирани се 330 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 1.366.002 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062.
Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје се половината од активните случаи или 3190. Следи Куманово со 446 активни, Велес – 309, Прилеп – 245, Битола – 201.
Продолжува и вакцинацијата против Ковид-19. Досега се вакцинирани над 800.000 граѓани, додека над пет илјади граѓани примиле трета доза на вакцината. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во земјава е вакцинирана, а 35 проценти од жителите примиле две дози вакцина.
