ВМРО-ДПМНЕ и денес објави нови информации за „злосторничката група во МВР“
Според партијата, вакви групи освен во Прилеп, имало и во Битола, Радовиш, Охрид...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска објави нови информации за како што велат, злосторничката група во МВР, која изрекувала измислени казни, принудни запирања и правела списоци за гласање за СДСМ. Според партијата, вакви групи освен во Прилеп, имало и во Битола, Радовиш, Охрид.
„Станува збор за свесно ставање на полицијата во партиски цели, и ветување за позиции во рамки на полицијата, што се гледа од делот каде вели дека нивните позиции остануваат и покрај смена на локалната власт. Китаноски вели дека злосторничката група продолжува да функционира и по изборите и дека истата ќе продолжи со истите методи на делување, што се чита од делот дека битката е изгубена, а војната не“, изајви Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Јавно ги предупредуваме злосторничките групи од Охрид, Битола и Радовиш, да не се осмелуваат да шиканираат, малтретираат или тепаат граѓаните, велат од опозициската партија.
