ИРАН
Раиси: ЕУ да не подлегнуваат под притисокот од САД
26.10.2021 11:10
По средбата со амбасадорите на Белгија, Швајцарија и Финска во Техеран, од неговиот кабинет соопштија дека во разговорите било потенцирано дека, за разлика од европските потписнички, Иран се придржувал до меѓународниот пакт за нуклеарната програмата.

Претседателот на Иран Ебрахим Раиси ги повика земјите на ЕУ да дејствуваат независно и да не подлегнуваат на притисокот од САД.
По средбата со амбасадорите на Белгија, Швајцарија и Финска во Техеран, од неговиот кабинет соопштија дека во разговорите било потенцирано дека, за разлика од европските потписнички, Иран се придржувал до меѓународниот пакт за нуклеарната програмата.
Техеран бара укинување на санкциите од Вашингтон доколку западните земји сакаат да се ограничи збогатувањето ураниум.
