Свет
По четири години укината вонредната состојба во Египет
26.10.2021 11:49
Вонредната состојба значително ги зголеми овластувањата во однос на апсењето, надзорот и ограничувањето на слободата на движење...

Египет ја укинува вонредната состојба воведена пред четири години по напад врз коптската црква. „Благодарение на големите и лојалните луѓе, Египет се претвори во оаза на сигурноста и стабилноста во регионот“, изјави претседателот Абдел Фатах ал – Сиси.
Вонредната состојба значително ги зголеми овластувањата во однос на апсењето, надзорот и ограничувањето на слободата на движење, а во делови имаше и полициски час.
