ТУРЦИЈА

Ердоган се откажа од протерувањето на дипломатите

26.10.2021 12:17

„Нивната нова изјава покажува дека тие се повлекле“, рече Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се откажа од протерувањето на десет дипломати на кои им се закануваше поради нивната поддршка на затворениот филантроп Осман Кавала.

„Нивната нова изјава покажува дека тие се повлекле“, рече Ердоган.

Земјите потврдија дека постапуваат во согласност со членот 41 од Виенската конвенција кој ги регулира дипломатските односи и забранува какво било мешање во внатрешните работи на земјата домаќин.