Бектеши: До крајот на годината нема зголемување на цената на струјата
Нема да се прогласи енергетска кризна состојба бидејќи се прават напори состојбата со електричната енергија да се нормализира, вели министерот за економија...

Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Нема да се прогласи енергетска кризна состојба бидејќи се прават напори состојбата со електричната енергија да се нормализира.
Големи ценовни шокови нема да има и за тоа сум убеден. Ќе интервенираме секаде каде треба за да нема такви ценовни шкови. Не верувам дека ќе се доведеме во таква ситуација во јануари, рече Бектеши на денешната прес-конференција по седницата на Комисијата за електроенергетска кризна состојба, додавајќи дека отсега никој не може да гарантира дали ќе има зголемување на цената по Нова година, бидејќи се работи за светска криза која се рефлектира и врз нашата електроенергетска мрежа.
Министерот за економија информираше дека почна со работа и вториот блок во РЕК Битола, а за неколку недели се планира стартување и на третиот блок.
