Лондон

Дендиас: Европејците треба да им понудат јасна пристапна перспектива на земјите од Западен Балкан

26.10.2021 12:35

Европејците треба да им понудат јасна пристапна перспектива на земјите од Западен Балкан, изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во Лондон...

Европејците треба да им понудат јасна пристапна перспектива на земјите од Западен Балкан, изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во Лондон.

Говорејќи за безбедноста и стабилноста на Европа и Медитеранот на настан организиран од  Кралскиот институт за одбрана и безбедност, Дендиас појасни дека дека не говори дека земјите од регионот утре ќе влезат во Европската унија, туку зборува за „многу јасна перспектива која би делувала како поттик за тие земји“.

Треба да го зголемат темпото на реформите, треба да ги почитуваат нивните меѓународни обврски, бидејќи алтернативата е мрачна. Без таква перспектива од Европа, оние другите кои сакаат да го вратат часовникот наназад ќе го полнат, ако и веќе не го пополнуваат вакуумот, нагласи Дендиас.