ДПИ: Обвинителството да постапи во врска со случајот во училиштето „Панајот Гиновски“

26.10.2021 14:16

По извршениот вонреден инспекциски надзор во основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, Државниот просветен инспекторат (ДПИ) го повикува Основното јавно обвинителство да постапи во врска со случајот...

По извршениот вонреден инспекциски надзор во основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, Државниот просветен инспекторат (ДПИ) го повикува Основното јавно обвинителство да постапи во врска со случајот.

Велат дека од непосредниот увид со записник се констатира дека е известено Министерството за внатрешни работи и дека е поведена дисциплинска постапка. Од страна на Државниот просветен инспекторат ќе се издаде и решение со наредени мерки со што се задолжува директорот на училиштето да ги преземе сите законски мерки и активности за целосно документирање и расчистување на случајот.