Енергетика

Нема електроенергетска криза, цената до крајот на годината останува иста

26.10.2021 14:36

Нема зголемување на цената на електричната енергија до крајот на годината, изјави министрот за економија Крешник Бектеши. Нема да се прогласи енергетска кризна состојба бидејќи се прават напори состојбата со електричната енергија да се нормализира...

Цената на електричната енергија до крајот на годинава останува иста. На состанокот во Министерството за економија со енергетските компании, Комисјата одлучи дека во моментов нема потреба од прогласување енергетска кризна состојба.

Mинистерот Бектеши рече дека засега нема потреба од нови мерки, надвор од она што значеше намалување на ДДВ-то на струјата. За да се зголеми домашното производство, со работа почна и вториот блок на РЕК Битола, а за неколку недели се планира стартување и на третиот блок, информира Бекетеши.

И покрај неповолните надворешни текови, Бектеши вели дека не очекува големи ценовни шокови. Но, состојбата се следи за изнаоѓање оптимални решенија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, побара да се формира кризен штаб. Оттаму предупредуваат дека грешките во енергетиката, граѓаните ги чинат 15 милиони евра месечно поради преземањата на струја од европскиот заеднички систем.

Дијана Ценевска