Колку е здрав ајварот?
Во својот состав ајварот најмногу има масти, по што следуваат јаглени хидрати и на крај протеини. За жал, не може да се пофали со витамини, минерали и некои корисни елементи.

Сезоната на зимници е во полн ек. Воздухот мириса на печени пиперки, што и дава посебна атмосфера на есента и потсетува на топлината на домот во студените зимски денови.
Во својот состав ајварот најмногу има масти, по што следуваат јаглени хидрати и на крај протеини. За жал, не може да се пофали со витамини, минерали и некои корисни елементи.
Црвената пиперка – главната состојка на ајварот, сама по себе е многу здрав зеленчук кои се богати со витамин Ц, но тој во голема мера се губи при печењето и варењето. Добрата вест е што во ајварот се задржува витаминот А, кој се смета за активен анти оксиданс.
Ајварот скоро и да нема калории, односно со ајвар не може да се претера. Исто така тој нема многу нутритивни вредносто.
Сепак ајварот е одличен извор на влакна и е вистинска закуска со месо или па со млечни производи.
Неговата калориска вредност доста зависи од тоа како и од што се подготвува, дали е домашен или купен. Правиот домашен ајвар не би требало да содржи многу масло и ништо друго освен пиперки и евентуално модар и црвен патлиџан. Таквиот ајвар не е премногу калоричен. Разликата е најзабележителна кај јаглените хидрати, бидејќи домашниот ајвар содржи далеку помалку индустриски додатоци
Катерина Стојановска
