Брисел
Министрите за енергетика на ЕУ без конкретни решенија за кризата
26.10.2021 15:29
Министрите за енергетика на ЕУ не донесоа никакви конкретни одлуки како одговор на енергетската криза...

Министрите за енергетика на ЕУ не донесоа никакви конкретни одлуки како одговор на енергетската криза, соопшти на прес-конференција еврокомесарката за енергетика Кадри Симсон по завршувањето на вонредниот состанок на министрите за енергетика.
Имаме јасен мандат од лидерите на ЕУ да ги искористиме сите наши алатки за да се справиме со кризата. Европската комисија претстави пакет мерки, сега мора да ја продолжиме оваа работа. Треба да ги заштитиме нашите потрошувачи и бизниси, рече таа, без да презентира конкретни мерки против кризата.
