Скопје

Голем пожар кај градскиот парк, горат напуштени бараки

26.10.2021 16:30

Пламените јазици ги зафатија напуштените бараки спроти стадионот, кај поранешниот Суд за прекршоци, а потоа се проширија на покривот на угостителскиот објект...

Попладнево избувна голем пожар во градскиот парк. Пламените јазици ги зафатија напуштените бараки спроти стадионот, кај поранешниот Суд за прекршоци, а потоа се проширија на покривот на угостителскиот објект.

Пожарникарските екипи интервенираат на терен со повеќе противпожарни возила.

Засега нема информации како избувнал пожарот, што се е зафатено и дали има повредени лица.