Сали: Потребни се инвестиции кои ќе го помогнат локалниот развој
Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата на Алијанса и Алтернатива, Беким Сали го обвини опонентот дека не го исполнил ветувањето за изградба на младински центар во Серава и дозволил узурпација на зеленило и бетонизација. Сали рече дека работите ќе се променат ако тој ја добие довербата од граѓаните...

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива, Беким Сали со изборни активности во населбата Серава. Тој рече дека неговиот противкандидат од редовите на ДУИ, Висар Ганиу не го исполнил ветувањето во изминитативе четири години да изгради Младински центар во населбата.
Сали го обвини актуелното раководство на општината дека дозволува узурпација на зелените површини и недоволно ги ангажира инспекциските служби за спротиставување на бетонизација на просторот во општината.
Сали рече дека тој ќе се залага за рационално користење на финансиските средства од буџетот. Вели, не треба да се трошат парите на граѓаните за непродуктивни трошоци, за партиски вработувања или за крпење на улици, туку за инвестиции кои ќе го помогнат локалниот економски развој.
Игор Панов
