Во Струга одбележан денот за часот посветен на планетата
30.03.2014 14:14
Часот на планетата земја се одбележува секоја година и тоа последната сабота од месец Март. Ова е глобален настан кој го одбележува целиот свет во соработка со Црвениот крст и светскиот фонд за природата (WWF), кога се повикуваат сите домаќинства и компании низ целиот свет да ги изгаснат светлата и електричните уреди на еден час, а сето тоа поради подигање на свеста кај популацијата околу климатските промени.

Во исто време без разлика на временската зона од 20.30 до 21.30 часот се гаснат светлата и електричните уреди на овој ден а во кој Црвениот крст на Струга оваа година зеде свое учество каде во водите на Охродското езеро ќе се пуштат стотина свеќи кои горат.
- Црвениот крст во Струга го одбележа на посебен начин палејќи свеќи во форма на 60 минути пуштајќи ги во Охридското езеро да пловат запалени. Осветлувањето беше згасната во период од 1 час. Важноста на овој час е токму затоа што нашата планета заслужува повеќе внимание и љубов во ова време кога глобалното затоплување е на високо ниво и ние сме сведоци на исчезнување на многу ендемични животни каде и климата поради уништувањето на озонската обвибка станува закана за нивното постоење, вели Адуриме Даути секретар на Општинската организација на Црвениот крст во Струга.
Часот посветен на планетата Земја за прв пат е спроведен во 2007та година кога во Сиднеј, Австралија на овој настан со гасење на светлата учество зедоа 2,2 милиони жители на овој град за да наредната година учество земат и сите поголеми градови на земјината топка.
Црвениот крст на Република Македонија заедно со клубот на млади се вклучи во оваа акција во која учество ќе земат над 154 држави ширум светот.
„Час на планетата Земја“ е поддржано од организацијата World Fillife Fund, а означува 60 минутно штедење на енергетските ресурси и заштита од климатските промени.