Здравство

Активни 6.191 ковид- случаи во земјава

27.10.2021 09:26

Во период од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти со Ковид 19, од кои над 78 отсто биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во овој период 97 пациенти починати со ковид биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина, соопшти Министерството за здравство.

Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 6.191, од кои најголем број 3.177 се во Скопје. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, при направени 3.622 тестирањe, регистрирани се 511 нови случаи со Ковид-19, 10 починати и 497 оздравени пациенти.

Во период од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти со Ковид 19, од кои над 78 отсто биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во овој период 97 пациенти починати со ковид биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина, соопшти Министерството за здравство.

Еден пациент бил вакциниран со „Фајзер“, двајца со „Астра Зенека“, шест со „Синовак“, а 16 примиле вакцина од производителот „Синофарм“. Двајца од заболените кои починале биле вакцинирани со вакцината „Спутник В“.

Заклучно со 25-ти октомври вкупно се вакцинирани 801.988 граѓани, ревакцинирани се 771.165, а трета доза примиле 15.851 граѓанин. Една доза вакцина примиле 57 проценти од полнолетната популација во земјава, додека со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Податоците покажуваат дека 38 проценти од целата популација е вакцинирана барем со една доза, а 35 отсто се целосно вакцинирани.

Досега во земјава се направени вкупно 1.369.624 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, а на починати е 7.072.