Бруцелозата пред исчезнување
Десетгодишната вакцинација против бруцелозата ги спаси домашните стадата овци и кози од оваа болест. Од некогашните повеќе од 16.000 заболени животни годишно, оваа бројка сега е дастично намалена. Намален е и бројот на луѓето заразени од болеста, од скоро 500 претходните, на само три лица годишно. Целта е вкупниот број на болен добиток да се сведе на еден процент...

Со вакцинацијата на животните и воведувањето на системот за идентификација и регистрација на ситниот добиток, трендот на намалување на бројот на заболени грла од бруцелоза продолжи и годинава.
Присуството на добиточната болест кај козите и овците во 2019-та година било потврдено во 198 одгледувалишта, а следната година тој број драстично е намален на само 58, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Подобрување, има и во однос на оваа болест кај говедата.
Борбата за сузбивање на оваа болест го намали и бројот на луѓето заразени со бруцелоза. Во 2017-та биле евидентирани 21, а лани само три заболени лица.
Бруцелозата е ставена под контрола, велат од Агенцијата, додавајќи дека сега сме блиску и до добивањето на статус на „слободна земја“ од оваа добиточна болест.
Инаку, ова зболување најчесто се пренесува со конзумирање на непастеризирано, односно неварено млеко или кога се јаде младо сирење за време на првите неколку недели од кога е направено.
Методија Трајков
